Пред да умре 46-годишниот Џорџ Флојд ја имаше судбината на милиони Американци кои поради пандемијата со корона вирусот ги загубија своите работни места.

Пред шест години, тој се пресели во Минеаполис од градот Хјустон во Тексас, каде што порасна. Доби стипендија на Колеџот во Јужна Флорида како талентиран спортист, но не успеа да го заврши.

Неговите пријатели од детството го натераа да се пресели во Минесота, бидејќи тој долго време не беше во можност да најде работа во Хјустон.

Тие што го познаваат велат дека бил среќен во Минеаполис. Тој возеше камион во текот на денот, а во вечерните часови работеше во латинското бистро во Конга, каде го познаваа како Големиот Флојд. Тој беше висок скоро два метри.

Се беше во ред до кобниот понеделник. Во понеделникот вечерта околу 20 часот, вработен во продавницата за храна Food Cup се јави во полицијата тврдејќи дека еден клиент во алкохолизирана состојба купил цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Тринаесет години порано, како 33-годишник, Флојд ја направил најскапата грешка во својот живот. Учествувал во вооружен грабеж на куќа во Хјустон. Поради својата физичка сила, како поранешен спортист, тој бил задолжен да ја сруши вратата и да го држи сопственикот. Тоа не беше негова прва блиска средба со законот. На 24 годишна возраст, во 1998 година беше фатен и осуден на кратка затворска казна. Во 2002 година, тој издржа казна од 30 дена за влегување на туѓ имот. Во декември 2005 година, кај него беше пронајден помалку од еден грам кокаин и за тоа беше осуден на десет месеци затворска казна. И на крај, во 2007 година, поради извршиот грабеж во Хјустон доби пет години затворска казна.

По добиената пријава полицијата стапи во акција. Во медиумите беа објавени транскрипти од тоа како се одвивала целата акција.

Не можам да дишам, те молам … Носот му крвари, ајде … пушти го. Па ајде, стави го во автомобилот, гледаш дека е на подот. Батка, го блокираш неговото дишење! Не можам да дишам … Не биди гад, уживаш, да, уживаш, уживаш! Не можам да дишам, те молам. Тој не се спротивставува, ставете го во автомобилот. Не можете ли да видите дека тој не реагира. Само што го уби! Ако тој не е мртов, тој е близу … “

Полицаецот Дерек Шавин, кој го притиснал со коленото и го држел така најмалку седум минути, имал 18 пријави во досието за внатрешна контрола.

Откако Џорџ Флојд во несвесна состојба бил пренесен во Болница, во понеделникот во 21.25 часот е констатирана неговата смрт. Тоа беше сигнал за црната заедница во Минеаполис да излезат на улиците, а тројцата полицајци што учествувале во овој случај по кратка постапка да останат без работа.

500 членови на Националната гарда беа испратени во Минеаполис, поради започнатите немири.

Минеаполис мораше да гори три дена пред да се уапси Дерек Шавин под обвинение за убиство од трет степен. Другите тројца ќе бидат обвинети наскоро.


Напишете коментар