Германскиот доктор Винфрид Штекер заработи кривична пријава затоа што направил вакцина против коронавирусот, по што се вакцинирал самиот себе и своето семејство.

74-годишниот Штекер кој во Либек има мала клиничко-имунолошка лабораторија, успеал самиот да развие вакцина против коронавирусот. Таа вакцина најпрвин ја тестирал на себе, по што набрзо потоа открил дека неговиот организам развил антитела.

Потоа тој ги вакцинирал своите деца и сопругата, како и уште 100-тина доброволци. Како што вели, самиот ја создал „најдобрата вакцина против коронавирус на светот“.

После успешното тестирање на својата вакцина, тој му се обратил на претседателот на Пол Ерлих институтот, установа надлежна за одобрување на вакцини. Тој соопштил дека има делотворна вакцина и чекал наскоро да добие позитивен одговор.