Џевад Галијашевиќ, експерт за безбедност, смета дека последните инциденти кои се случуваат во одредени босански кантони не се случајност, туку „добро осмислена операција“.

Операцијата ја води Селмо Цикотиќ, воен, компромитиран и радикален генерал. Република Српска не смее повеќе да гледа на овој проблем само како безбедносно прашање, туку и како одбранбено, бидејќи ситуацијата лесно може да се претвори во воена операција против христијаните во БиХ, вели Галијашевиќ.

Постојат проценки дека во БиХ во моментов има најмалку 40.000 лажни мигранти, од кои само една третина се под надзор на Службата за работа со странците. Но, тука не станува збор за мигранти кои се движат кон подобар живот, туку за поразените талибани и војници на ИСИЛ и Ал Каеда и за нивно позиционирање во функција на нивно идно делување на Балканот и во Европа, предупредува Галијашевиќ.

Тој тврди дека решавањето на мигрантската криза во БиХ свесно се попречува од властите во Сараево.

Шефик Џаферовиќ и министерката Бисерка Турковиќ беа отворено против враќањето на мигрантите од Пакистан. И тоа не беше направено случајно. СДА никогаш не се откажала од градење на агресивно исламско општество и затоа мигрантите од исламските земји се нејзино идеално оружје. На овој начин СДА не само што ги злоупотребува државните институции, туку и извршува своевидна тивка агресија против БиХ – тврди Галијашевиќ.

Ѓорѓе Радановиќ, претседател на Комитетот за заштита на правата на Србите во ФБиХ, тврди дека мигрантска криза има за цел да ги притера Србите од Федерацијата на Бошњаците и Хрватите и во српските домови да ги насели мигрантите.

Тие ги туркаат мигрантите врз српските повратници со цел да им го украдат имотот и етнички да ја исчистат оваа територија, вели тој.