Во Гранада синоќа се случи еден мошне непријатен момент за оние кои го следеа мечот во Лига Европа, а медиумите веќе го открија идентитетот на човекот кој гол се прошета низ теренот.

Манчестер јунајтед славеше со 0-2 на гостувањето кај Гранада во првиот меч помеѓу обете екипи во четвртфиналето од Лига Европа, меѓутоа еден „натрапник“ за момент го украде шоуто откако влета на теренот целосно гол без ништо на себе.

Медиумите во Шпанија веќе го открија идентитетот на ова лице, а станува збор за бизнисменот Олмо Гарсија, успешен бизнисмен кој е одамна познат на јавноста, поседува неколку бизниси, но најуспешен му е тој што се бави со продажба на протеини и суплементи за спортисти, а датира од 2004 година.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Олмо се залага токму за тоа, а жителите на Гранада често можат да го видат како се шета без ниту едно парче облека на себе по улиците, меѓутоа тој испраќа и порака за тоа што го прави, да завладее мир помеѓу луѓето, но и одржливост помеѓу луѓето и животната средина.

Олмо често пати се соочил со полициски службеници по што бил и казнуван за истата причина, а на социјалните мрежи можат да се забележат повеќе снимки кои сведочат за таквото негово однесување дури и кога не е во прашање некој голем настан.