Жените ќе може предвреме да се пензионираат на 57, а мажите на 59 година, но со помала пензија Владата го подготвува законот, кој се очекува да стапи на сила по Нова година. Според најавите решението ќе им даде можност на работниците 5 години порано да заминат во пензија. За колку проценти ќе им се намали пензијата на овие лица и колкав надомест ќе треба да уплаќаат во ПИОМ, се уште е рано да се каже, вели првиот човек на ПИОМ, Зенели. Ќе зависи уште колку години имаат до задолжителната старосна пензија, односно до 62 и 64 години, од кога ќе ја земаат во полн износ пензијата. 

Според податоците на ПИОМ, со предвременото пензионирање од 5 години се опфатени 52,000 вработени и тоа 28.000 мажи и 23.000 се жени, изјави Шаип Зенели Директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Можноста за предвремено пензионирање е прифатлива и за бизнисмените и за Конфедерацијата на Синдикати. Но бараат различни услови за работниците во јавниот и приватниот сектор. Во нестопанскиот има превработеност, партиски војници кои со години земаат плата, а нишаат врата, додека во стопанството има огромен расчекор меѓу потребата и работната сила. Наглото намалување на бројот на работници ќе предизвика пад на индустриското производство, на извозот на БДП, вели Димитров од Организација на работодавали. Затоа предлага во законот предвременото пензионирање да биде само по барање на самите вработени.

До јули годинава пензија им се исплаќа на 325 илјади лица. За нив се трошат речиси милијарда евра, односно 915 милиони евра.

Просечната исплатена пензија во јули изнесува 15.500 денари. а дури 35,5 % земаат 12,863.


Напишете коментар