Македонската фудбалска репрезентација утрово замина по историјата и со чартер-лет до Тбилиси и официјално ја започна „мисијата“ победа над Грузија и прво учество на Европско првенство.

И покрај проблемите кои никнаа во последен момент, (повредата на Барди и позитивните тестови на Велкоски и Ристевски), атмосферата во редовите на нашиот табор е фантастична. Некои од фудбалерите патот до Тибилиси го минаа во сон, некои во анализа, а сигурно најинтересно им беше на Ељиф Елмас и Езџан Алиоски, кои се „испробаа“ во легендарната игра „Не лути се човече“!

Кој победи во овој дуел останува тајна, а и не е толку важно. Важно е и Алиоски и Елмас утре да слават победа над Грузија и да ја израдуваат Македонија.  

гол.мк