Николче Петкоски, поранешниот Претседател на Управниот одбор на Еуростандард банка, кого сопственикот Трифун Костовски го посочи како еден од одговорните за пропаѓањето на банката, ги демантираше обвинувањата дека бил виновник за лошото финансиско работење на банката.

Петкоски постави неколку незгодни прашања до семејството Костовски, како и до останатите акционери на пропаднатата Еуростандард банка:

– Дали акционерите како физички лица и нивните компании имаат депозити во банката во моментот на одземањето на дозволата за работа?

– Дали како физички лица и нивните компании имаат депозити во други банки?

– Дали во последните месеци имало од нив како физички лица или од нивните компании повлекување на средства и одлевање во други банки?

– Дали во последните месец – два од страна на членови на раководството на банката имало повлекување на депозити?

Петкоски најави тужба доколу не добие јавно извинување, за како што вели, изречените невистини, дезинформации и неосновани обвинувања со коишто се прави обид за негова дискредитација како личност и како професионалец.

Петкоски беше еден од четирите главни директори на пропадната банка: Бранко Тозија, Срѓан Крстиќ, Николче Петкоски и Горан Трајковски, сите членови на македонската масонска ложа.

Инаку Петкоски на чело на Еуростандард банка дојде во фебруари 2010 година од ТТК банка каде прво беше задолжен за информатичкиот систем а потоа за работењето на ТТК банка.


Напишете коментар