Петмина кандидати за пратеници во бугарскиот парламент беа уапсени за купување гласови, објави денеска бугарското обвинителство.

Двајца од нив биле приведени 72 часа, другите двајца биле притворени на неопределено време, а еден е пуштен на условна слобода, пренесува бугарската агенција БТА.

Портпаролот на главниот обвинител, Сијка Милева, процени дека за прв пат, во согласност со Законот за перење пари, биле запленети над 383.000 лева по барање на обвинителството со цел да се спречи нивната употреба за купување гласови.