Дали Слободанка Алексовска е непознатиот женски глас кој се слуша на аудио бомбите, кои вчера беа објавени на youtube, а на кои беа емитувани делови од средбата меѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и контроверзниот бизнисмен Зоран Милески Кичеец? Според гласот кој се слуша на бомбите, а која нагалено и пријателски и Милески и Мицкоски ја нарекуваат Дани и Данче, се претпоставува дека станува збор за Слободанка Алексовска.

Која е Слободанка Алексовска? Во моментот таа е директор за човечки ресурси во болницата Аџибадем Систина. Предходно имала политичка кариера во ВМРО ДПМНЕ и во мандатот на Никола Груевски и на Христијан Мицкоски. Била член на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, била координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје и била раководител на Центарот за вработување на Град Скопје.

По доаѓањето на Мицкоски на чело на партијата Слободанка Алексовска беше избрана за Претседателка на Републичката Комисија за труд и социјална политика на ВМРО ДПМНЕ. Алексовска беше дел од делегацијата на Христијан Мицкоски, заедно со Влатко Ѓорчев и Тимчо Муцунски, за време на првата официјална посета на Вашингтон на почетокот на фебруари 2018 година или само еден и пол месец по изборот на Мицкоски за Претседател на ВМРО ДПМНЕ на Конгресот во Валандово.

Значи во тој период Алексовска е блиска соработничка на Мицкоски а сега случајно е вработена како директор за човечки ресурси на Аџибадем Систина каде генерален менаџер е Јордан Камчев. Инаку и Камчев и Милески Кичеец се дел од аферата Рекет.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *