Од како јавно ја призна врската со најбогатиот човек на светот Џеф Безос, сите се прашуваа која е неговата девојка. Кога во 2019 година, најбогатиот човек во светот Џеф Безос објави дека ќе се разведува со сопругата Мекензи, со која беше во брак 26 години, јавноста остана во шок и неверување.

Само неколку часа подоцна по објавувањето на веста за развод на Џеф Безос, странските медиуми веќе почнаа да пишуваат за новата жена во неговиот живот, а според нив таа е причината која го натерала најбогатит човек на светот да стави точка на долгогодишниот брак.

Станува збор за Лорен Санчез, поранешна водителка на временската прогноза на телевизијата Fox. Дополнителна прашина во целата ситуација крена и информацијата дека Лорен тогаш беше се уште во брак со нејзиниот сопруг Патрик Вајстел, преку кого се имаат запознато со Џеф, а се смета за близок пријател на Безос. По објавувањето за разводот на Џеф со својата сопруга, и Лорен стави точка на својот брак. Како што и самиот тој изјави, лудо се вљубил во Лорен и тоа не можел повеќе да го крие, па поради тоа се одлучи за развод.

Безос својата слобота ја плати доста скапо, разводот со својата поранешна сопруга го чинеше 38,8 милијарди долари, но и дополнителни 19,7 милиона од неговата компанија Амазон.

Од тој момент сите сакаа да знаат нешто повеќе за жената која чинеше „милијарди долари“.

Лорен е 49 годишна жена која е мајка на три деца кои се резлутат на нејзините предходни бракови. Кариерата ја започнува како асистент на KCOP-TV во Лос Анџелес. Понатаму таа преминува во KTVK-TV во Феникс каде работи како известувач од терен, за потоа да се унапреди и да влези како репортер во шоуто EXTRA. По неколку години успешна медиумска кариера таа завршува во спортската редакција на Fox Sports Net, каде што добива номинација за EMI награда.

Лорен во 2016 година ја основа компанијата Black Ops Aviation, која воедно е и прва производна компанија на која е сопственик жена. Компанијата работи со снимање на воздушни снимки или познато како дрон снимки за познати медиумски и филмски куќи како што се Amazon, Netflix и Fox.

Истата година Санџез добива и пилотска дозвола, таа знае да управува и да лета авион и хеликоптер. Таа својата љубов кон воздухопловството ја покажува уште како мала. Лорен приметува дека летањето и донесува вистински мир и спокој на душата. Таа е моментално вклучена во повеќе медиумски и филмски проекти со кои и се овозможуваа таа да ја работи својата работа од соништата и да ја користи често својата дозвола за воздухопловство.

Лорен Санџез има три деца: Ник Гонзалез прво дете кое и од бракот со фудбалерот во NFL лигата, Тони Гонзалез, како и уште еден син и ќерка од бракот со пријателот на Безос, Патрик Вајсел кој работи како извршен директор на холивудската агенција WME. Лорен и Патрик беа во брак 14 години се до моментот кога во 2019 година таа одлучи да стави точка на бракот.

Наводно, се шпекулирало дека Џеф и Лорен со години имале тајни и интимни односи далеку од очите на јавноста, додека како пар прв пат во јавноста се преставија на Вимболдон 2019 година во Лондон. Се зборува дека картите за натпреварот во тенис ги добиле токму од поранешниот сопруг на Лорен, Патрик.

По сите овие настани тие веќе никогаш не се раздвојуваа еден од друг, а Лорен го доби надимакот од јавноста „крадачка на мажи“. Иако јавноста никогаш нема да верува во нивната љубовна романса, тие секогаш ќе зборуваат дека таа е со Џеф само поради неговото богаство.