Една од најголемите мистерии во светот е шифрата/кодот на скулптурата во седиштето на ЦИА: Решението или одговорот ги мачи агенти на ЦИА веќе 30 години.

Скулптурата е откриена на 3 ноември 1990 година, се нарекува Криптос и содржи криптографски предизвик.

Во средината на седиштето на ЦИА е скулптура која има таен код, кој ги мачи врвните криптолози со децении. Кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век, на уметникот Џим Санборн му беше наложено да направи скулптура која ќе биде изложена во седиштето на ЦИА во Ленгли, Вирџинија.

Знаејќи дека некои од најдобрите светски разузнавачки експерти ќе ја гледаат скулптурата секој ден, Санборн создал уметничко дело што е, со еден збор, таинствено, пишува Си-Ен-Ен.

Скулптурата е откриена на 3 ноември 1990 година, се нарекува Криптос и содржи криптографски предизвик. Сигурно некој ќе го дешифрира кодот за само неколку недели, сметаше Санборн. Но, никој тоа не го направи.

До ден-денес, Криптос останува една од најпознатите нерешени мистерии во светот.

Не мислев дека ќе трае толку долго – 30 години – без да ја дешифрираат, вели Санборн.

Криптите се наоѓаат во дворот пред седиштето на ЦИА. Заоблена, бакарна плоча висока 3,5 метри и ширина од шест метри, скулптурата е полна со букви.

Рачно со пила исеков околу 2.000 букви, вели Санборн. Текстот што ја покрива скулптурата делува како хаотично расфрлани букви, но не е така, Криптос содржи четири различни, кодирани пораки, кои заедно формираат загатка – вели Санборн.

Сакав тоа да се открие како лупење слоеви на кромид, вели тој за мистеријата врежана во Криптос.

Три од четирите кодирани пораки беа дешифрирани со текот на годините од членовите на НСА, ЦИА и јавноста, но, според Си-Ен-Ен, загатката уште не е решена!


Напишете коментар