Имунитетот на коронавирусот може да трае со години, а можеби дури и со децении, се тврди според новото истражување на еминентни научници од лабораторијата, според кое луѓето кои се опоравиле од COVID-19 развиле трајни нивоа на Б и Т-клетки.

Овие клетки се неопходни за организмот да се бори против вирусот и можат да бидат присутни во организмот многу долго време.

Истражувачите анализирале примероци на крв од 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, кои биле позитивни на коронавирус на почетокот на пандемијата и откриле дека повеќето од нив имаат доволно имунолошки клетки за да се борат против вирусот и да спречат повторна инфекција.

Покрај тоа, антителата се покажаа издржливи, со исклучително ниска стапка на опаѓање, што значи многу години, и потенцијално децении заштита од коронавирус, пренесува Форбс.

Иако оваа студија сè уште не е разгледана, Њујорк Тајмс ја нарекува „најсеопфатна студија за реакцијата на имунитетот на коронавирусот“.

Дописникот на Њујорк Тајмс, Апоорви Мандавили, објаснува дека огромното мнозинство на лица заразени со коронавирус ќе бидат „заштитени од повторна инфекција за многу долго време“, додека вакцините можат да создадат уште подолга заштита на имунитетот.

„Веројатно нема да мора да ги вакцинираме луѓето секоја година како што се плашевме“, пишува Мандавили.

Вреди да се потсетиме дека неодамна научниците открија дека луѓето кои го преживеале вирусот САРС, кој е исто така предизвикан од коронавирусот, сè уште носат важни имунолошки клетки 17 години по инфекцијата. Истражувачите исто така се надеваат дека проучувањето на антитела може да помогне во развој на лекови за спречување или лекување на КОВИД-19.