Во неодамнешниот редизајн на Моделот С, американскиот производител на електрични автомобили го претстави новиот волан на автомобилот кој наликува на авионски управувач.

Во однос на касличниот волан, недостасува целиот горен дел на воланот, а со причина веднаш следуваа прашањата за безбедност при возењето на новиот модел.

Американската организација која се занимава со правата на заштита на потрошувачите, Консумер рипортс, го тестираше новиот волан односно редизајнот на моделот С, и тие по тестирањето изразија сомнеж во безбедноста и функционалноста на овој управувач. Тесла моделот С го возеа десетина тест возачи и го сумираа своето мислење.

Сите дејствија при возењето, кои бараат поголемо вклучување на воланот се тешки за изведување, стои во заклучокот, а посебно итните дејствија за време на возењето со цел избегнување на удар би можеле да бидат опасни.

Исто така лошо се дизајнирани и трепкачите на возилото кои се наоѓаат на воланот на две различни страни како и „свирката“ и бришачите на шофершајбната.

Сите овие функции се наоѓаат на воланот и постои вистинска можност да дојде до грешка како и можност за случајно вклучување на некоја од овие функции за време на возењето.

За среќа Тесла се уште го нуди класичниот модел С а со тоа и класичниот волан. Во прилог можете да погледнете видео како во реални услови би изгледало возење на новиот редизајн на моделот С на компанијата Тесла: