Директорот на тимот што ја направи вакцината во Оксфорд, Ендру Полард, вели дека тие направиле „вакцина за светот“.
Вакцината против вирусот корона, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со АстраЗенека, ќе биде за целиот свет, бидејќи ќе чини само помеѓу три и четири долари, објави британски Телеграф.

Вакцината Оксфорд е вакцина за целиот свет. Додека „Фајзер“ и „Модерна“ објавија дека успешно ја завршиле фазата на три теста, британскиот тим првично истакна дека нивната цел е нивниот производ да биде достапен на целата планета. Не е само вакцина што ќе може да се транспортира и чува на нормални температури, туку да биде достапна за секого – пишува во текстот на Телеграф.

Целта поставена од научници од Оксфорд и АстраЗенека е вакцината да им биде достапна на посиромашните земји во светот, се додава во текстот.

Со цена од само три до четири долари по доза, вакцината Оксфорд е само мал дел од цената на вакцината Фајзер и Модерна, која ќе се продава по цени помеѓу 20 и 32 долари, што е скапо за многу земји во развој – наведува Телеграф.

Директорот на тимот што ја направи вакцината во Оксфорд, Ендру Полард, вели дека тие направиле „вакцина за светот“.

Нашата цел беше да ја направиме вакцината достапна насекаде. Мислам дека успеавме да го сториме тоа. Ова се многу возбудливи периоди за здравјето на луѓето – рече Полард.