Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вели дека официјален Баку има информации дека шверцерите превезуваат оружје од Русија до Ереван, со цивилни летови, но дека од официјалните руски власти добил гаранции дека Русија не испраќа оружје во Ерменија Тој додава дека изградбата на турска воена база во Азербејџан никогаш не била разгледана.

Ерменија неодамна купи авион, според нашите податоци, за 30 до 40 милиони долари. Него го обезбедија богати ерменски бизнисмени кои живеат во Русија: Карапетјан, Абрамјан и други. Тие ги испраќаат Ерменците од Русија во Карабах како платеници. Во исто време, набавката на авионот Ил-76 им овозможи да шверцуваат оружје. Противтенковското оружје „Корнет“, системот „Игла“, се наоѓаа во тој авион, изјави Алиев.

Тој додаде дека Ерменија шверцувала руски ракети, а Баку официјално се обрати до Меѓународната организација за цивилно воздухопловство.

Тоа е меѓународно злосторство. Од руските официјални тела добивме објаснување дека Русија не испраќа оружје во Ерменија. Според нашите податоци, оружјето се шверцува во Ереван и се води истрага во таа насока, рече азербејџанскиот претседател во интервју за турскиот телевизиски канал Абер.

Претседателот на Азербејџан вели дека не се планира пренесување на конфликтот од Нагорно Карабах на територијата на Ерменија.

Тој исто така посочи дека турската база на територијата на Азербејџан никогаш не била во план.