Посебна полемика во јавноста беше иницирана од теоријата на данските истражувачи кои изјавија дека хируршките маски не штитат од коронавирусна инфекција откако спроведоа големо тестирање по слободен избор.

Од почетокот на април до почетокот на јуни, истражувачите од Универзитетот во Копенхаген спроведоа студија на 6.024 учесници кои претходно биле тестирани за да се осигурат дека не се заразени со коронавирус.

Половина добија хируршки маски и им беше кажано да ги носат кога ќе ги напуштат своите домови, додека на останатите им беше кажано да не носат маски на јавно место. Во тоа време, два проценти од населението во Данска беше заразено, што е значително помал процент отколку денес во Европа и САД.

Околу 4.860 учесници ја завршија студијата. Истражувачите се надевале дека маските ќе ја намалат за половина стапката на инфекција кај оние кои носеле маски. Сепак, се заразиле 42 лица кои ја носеле маската, што е 1,8 проценти. Меѓу оние кои не носеле маски, 53 лица се заразиле, или 2,1 процент. Разликата не беше статистички значајна.

Нашето истражување покажува дека носењето маска не е многу корисно, вели д-р Хенинг Бундгард, водечки автор на студијата и кардиолог на Универзитетот во Копенхаген.

Овие резултати беа проследени со поделени реакции од експерти, некои од нив ја поддржаа студијата, наведувајќи дека нема голема разлика во тоа дали луѓето ќе носат маски или не, додека од друга страна, имаше и такви кои изјавија дека ова истражување е нецелосно, бидејќи во тоа време бројот на заразени во Данска не беше голем, така што резултатите може да се сметаат за веродостојни.

Тие додадоа дека постои можност сите испитаници да не носат правилно маски, како и дека самите ги пријавиле резултатите.

Нема никакво сомнение дека маските дејствуваат како контролирање на изворот, спречувајќи го лицето што ја носи маската да ја пренесе инфекцијата на други. Сепак, прашање е колку има самозаштита за оние што ја носат. Одговорот зависи од тоа која маска се користи и каков вид на изложеност на вирус има секоја личност – рече д-р. Томас Фриден, поранешен директор на ЦДЦ.

Тој додаде дека маската Н95 е подобра од хируршката

А, хируршката маска е подобра од повеќето платнени маски.

ЦДЦ неодамна цитираше десетици студии кои откриле дека дури и маските од ткаенина можат да помогнат да се заштитат оние кои носат маски, пишува Њујорк Тајмс.