Познат како човек од средна класа, американскиот претседател Џо Бajден, всушност е милионер. На почетокот на својата кампања, Бajден ги објави сите информации за своите финансии. Врз оснаова на нив, Фopбс процени дека тежи 9 милиони долари.

Од 1973 до 2009 та Бајден беше сенатор. Како напредуваше во кариерата, така му растеше и платата и тоа од 42.500 долари на 174.000 долари годишно. Кога беше избран за потпретседател, доби уште едно покачување. Почна да заработува 230.000 долари годишно.

Кога ја напушти канцеларијата, приходите му беа од пишување книги и држење говори. Наплаќаше во просек по 100.000 долари од говор, односно од 40 илјади па се до 190 илјади долари. Како професор на Пен Бајден Центар за дипломатија, заработил и 540.000 долари.

Во ноември 2009 Бајденовата нето вредност била помала од 30 илјади долари. Но кога станува прв човек на Обама во 2019, Бајден со сопругата заработиле над 15 милиони долари.

Според Форбс, најголем дел од богатсвото на Бајден е во недвижнини, но има и портфолио инвестиции.

Неговите 2 куќи вредат 4 милиони долари. Поседува уште 4 милиони во кеш и инвестиции, а добива и федерална пензија од милион долари.

Сега, претседателската плата ќе му изнесува 400.000 долари годишно, или 33 илјади долари месечно. За покривање на службените трошоци, на Бајден му следуваат доплнителни 50.000 долари годишно.