Имунологот д-р Срѓа Јанковиќ објасни во кој момент ПЦР-тест за вирусот корона може да покаже дека е негативен.

Тестот првенствено зависи од самиот примерок, односно ако вирусот е присутен во белите дробови, но тој веќе го напушти горниот респираторен тракт, од каде се зема брисот, тестот тогаш ќе биде негативен и тоа се случувло, објаснува Јанковиќ.

Како што вели тој, секогаш постои можност тестот да не успее, но тој е мал процент. Кога вирусот е во примерокот, тогаш тестот PCR обично го открива.

Исто така, тестот кај луѓе кои сè уште немаат симптоми, но се заразени тестот може да биде негативен пред вирусот да се размножи доволно на почетокот на инкубацијата и може да биде лажно негативен на крајот на болеста, кога вирусот е сè уште присутен во организмот, но во мали количини.

Д-р Јанковиќ исто така рече дека серолошките тестови со кои се откриваат антитела по заздравувањето, односно класи на ИГМ и ИГГ, исто така, можат да бидат грешни, но тоа е многу ретко.

Овој тест, се разбира, има свои граници на сигурност, односно чувствителност и специфичност кои зависат од методот, ама генерално е 80 до 90 проценти сигурен. Во брзите тестови за вирусот корона, веродостојноста е нешто пониска – заклучи тој.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *