Колумбијката Соња Суарез Гомез (45), девојка на убиената Страхиња Стојановиќ (30), вчера повторно се огласи на својот Инстаграм профил и ја објави познатата детска песна „Бебе ајкула“, а ја објави и нивната заедничка слика од летниот одмор, пишуваат српските медиуми.

Таа на рочиштето во четвртокот изјави дека Страхиња не се занимавал со криминал и дека тој е сопственик на плац за продажба на автомобили. Таа изјави дека била многу погодена кога медиумите започнале да го поврзуваат со убиството на адвокатот Мишо Огњановиќ, кој беше ликвидиран во јули 2018 година.

Неколку пати ми рече дека нема никаква врска со убиството на Мишо Огњановиќ, вели таа.

Го запознав минатата година на забава во Мадрид во Шпанија. Тој беше многу љубезен, вистински господин, ние брзо започнавме љубовна врска. Се сеќавам дека бевме заедно во Франција кога на српските портали читаше дека го поврзуваат со убиството на адвокатот Огњановиќ. Потоа ми рече дека само две недели по убиството на адвокатот, за чудо ја преживеал експлозијата на бомбата, објаснува таа.

Според Соња Суарез Гомез, Страхиња беше многу вознемирен додека ми го кажуваше тоа. Ми рече дека подоцна му станало јасно зошто некој сака да го крене во воздух, но дека тоа нема никаква врска со убиството на тој адвокат.

Јас добро се сеќавам дека Страхиња почина во моите раце. Тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам – му рече Колумбијката на обвинителот.