Комбинацијата на Спутник V, вакцината против КОВИД-19 развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеа и вакцините на Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд можат да заштитат од инфекција со корона вирус две години, изјави во понеделникот директорот на Институт Гамалеа Александар Гинзбург.

“Мемориските клетки ќе се формираат многу подобро како резултат на користење на двокомпонентна хибридна вакцина. И вакцината очигледно ќе ги заштити вакцинираните, не за три или четири месеци, туку најмалку за две години”, рече тој.

На почетокот на овој месец, Гамалеа и Астра Зенека потпишаа меморандум за соработка за спроведување заеднички испитувања на нивните кандидати за вакцини против КОВИД-19.