Изгледа дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон заспал во текот на инаугурацискиот говор на Џо Бајден…така барем пишува “New York Post”.

На видео снимките објавени по церемонијата на социјалните мрежи, се гледа како 74-годишниот Клинтон одвај ги држи очите отворени, а главата често постепено му паѓа кон градите за време на обраќањето на Бајден во Капитол.

“Бил Клинтон апсолутно заспа”, вели машки глас на снимка од мобилен телефон, објавена на Твитер.