Член на Комисијата за заразни болести денес брифираше повеќе медиуми дека Комисијата и препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отварање на граничните премини на 1-ви јуни и отворање на угостителските објекти што располагаат со летни бавчи.

Како што пишуваат медиумите, кои се брифирани од неименуван член на Комисијата за заразни болести, Комисијата утринава се одлучила за такви препораки, а конечната одлука ќе ја донесе Владата на првата наредна владина седница. Членовите на Комисијата, според тие медиуми, инсистирале во Записникот од денешната седница да биде потенцирано дека преопораките за олеснување на мерките се донесени бидејќи мерките не се почитувале, дека во одредени општини работеле кафеани, дека се играло кошарка додека траел полицискиот час, а полицијата иако тоа го знаеле и гледала ништо не превзела и не реагирала.

На овој начин Комисијата покажува со прст кон техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев и индиректно го обвинува дека или не е способен да ја води полицијата во услови на пандемија со корона вирусот или намерно не ги спроведува препораките на Комисијата, кои се усвоени од страна на Владата, како да се спроведуваат мерките и препораките во услови на вонредна ситуација.

На овој начин се намалува и маневарскиот простор на партијата која го предложи Чулев на функцијата министер за внатрешни работи. Бидејќи, ако ВМРО ДПМНЕ бара избори во септември поради зачувување на здравјето на граѓаните, а министерот Чулев не ги спроведува препораките и мерките на Владата за зачувување на здравјето нба граѓаните, тогаш се наметнува логиката-дека можеби мерките не се спроведуваат за да нема брзи избори!?

Од другата страна, ако се најавува ублажување на сите рестриктивни мерки, а во исто време се бара решение како да се воведе нова вонредна или кризна состојба, за да не се влезе во уставен ќорсокак во врска со изборите на 21 јуни, тогаш ќе се дојде во апсурдна состојба да нема потреба од рестриктивни мерки а да има потреба од кризна состојба. И се тоа се прави за да се обезбеди согласност на Христијан Мицкоски за избори во средината на јули.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *