Бришење на вишок документи

Google ги ажурираше своите „правила за квоти“, во кои се наведува дека во иднина, секој профил ќе има само 15 GB простор за складирање, и тоа поделено на сервисите Gmail, Google Drive и Google Photos.

Оние кои „вчитуваат“ повеќе од тоа на своите сервери до 1 јуни 2021 година, ќе бидат во опасност да изгубат дел од своите документи.

Корисниците кои остануваат во ваква „повреда“ повеќе од две години ќе останат без вишок документи.

Значи, на 1 јуни 2023 година, Google ќе избрише сè што е над овие предвидени 15 GB.