За прв пат во скоро пет месеци: Болница во Бергамо без пациенти на интензивна нега поради корона.

Во екот на кризата, болницата во Бергамо истовремено имала до 100 пациенти на респиратори

Одделот за интензивна нега во болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо, за прв пат од почетокот на епидемијата на 23 февруари, нема ниту еден пациент заразен со вирусот на корона, соопшти прес службата на таа болница.

Одделот имала пациенти со вирус „ковид-19“ цели 137 дена, а Бергамо бил меѓу италијанските региони најпогодени од епидемијата, пренесува Анса.

Во екот на кризата, болницата во Бергамо истовремено имала до 100 пациенти на респиратори.


Напишете коментар