По две одложувања УЕФА денеска одреди бараж средбата од Лигата на нациите со Косово да се одигра на 8-ми октомври во Скопје. Финалето за ова натпреварување е закажано за месец ноември.  Извршниот комитет на европската фудбалска федерација денеска имаше полни раце работа и одлучуваше за завршните средби од лигата на нациите но и Лигата на шампионите и Лига Европа. За нас Македонците донесена е важна одлука бараж средбата од лигата на нациите со Косово да се одигра на 8-ми октомври а веќе на 12-ти  ноември на програмата ќе биде финалниот дуел во кој победникот од овој двомеч ќе одигра со подобриот од второто полуфинале Грузија – Белорусија. 


Напишете коментар