Австралискиот град Мелбурн, чии граѓани беа заклучени 262 дена, што е најголем број денови на локдаун во светот, се подготвува да укине одредени рестриктивни мерки во наредната недела, соопштија денеска локалните власти.

До петок, кога ќе се укинат некои мерки, ќе поминат 262 дена во кои пет милиони граѓани на Мелбурн беа под целосен локдаун, во шест наврати од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.

Австралиските и другите медиуми наведуваат дека ова е најдолгото заклучување во светот, кое го надмина локдаунот на аргентинскиот Буенос Аирес од 234 дена.

Иако бројот на заразени со Ковид продолжи да расте во државата Викторија, каде Мелбурн е главен град, бројот на ревакцинирани лица се очекува да биде 70 проценти оваа недела, што ќе овозможи ублажување на мерките.

Денеска е голем ден, кога Викторијанците можат да бидат горди на постигнатото – рече премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, за време на најавата за укинување на мерките.

Австралиската држава денеска регистрираше 1.838 нови случаи и седум смртни случаи.

Понатамошно олеснување на мерките се очекува кога 80 проценти од населението во Викторија ќе се ревакцинира.