Откриваме како би изгледала Балканската федерација доколку Јосип Броз Тито успееше да ја формира.

Tito

Имаше многу идеи за балканска држава. Во еден период беше модерна идеата за панславизам. Потоа беше илирското движење, некоја варијанта на словенска Австро Унгарија, неославизам и евро-славизам. Како општествено уредување на таа држава најчесто се споменуваше конфедеративна рамка.

Идејата на Тито за Балканска федерација имаше најголеми шанси да се реализира, во годините по Втората светска војна, како резултат на тогашните меѓународни односи кои беа остро поделени по таа линијата на поделбата меѓу истокот и западот, како и харизмата и способностите на Јосип Броз.

Како се менуваа односите на Балканот ќе ви објасниме преку примерот на една 90-ет годишна жена. Таа сменила седум држави без да си замине од дома. Како е можно?Токму тоа се случи на нашите простори!

Ако сте родени во 1917 година во Белград или некаде во Србија, вие сте родени во Кралството Србија, кое подоцна беше преименувано во Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, а потоа беше преименувано во Кралство Југославија, по војната тоа беше Социјалистичка Федеративна Република Југославија (во периодот 1945-1990 беа сменети повеќе имиња).

Граѓанските војни во 90-тите години од минатиот век ја намалија територијата на Југославија, која подоцна го смени своето име во Сојузна Република Југославија, па Србија и Црна Гора и на крајот по отцепувањето на Црна Гора во 2006 година, остана само Србија. Интересен туристички историски аранжман, вие седите во својата куќа, а земјите сами се менуваат.

Jugoslavija

Тито не беше задоволен со Југославија во границите од Вардар до Триглав, туку имаше претензии кон околните држави. Имено, идејата за Балканската федерација ги вклучуваше Албанија, Бугарија, и Романија, а во најширока варијанта, дури и делови од Грција и европскиот дел на Турција. Тито одржа голем број билатерални средби и потпиша неколку документи кои требаше да придонесат за создавање на таква држава.

Идеата и најавите за толку голема балканска држава ги возбуди водачите на големите сили. Дури и на Сталин не му беше сеедно. Конфликтот меѓу Тито и Сталин во 1948 година предизвика внатрешни политички конфликти во Југославија, што резултираше со создавање на Голи Оток, каде што завршија многу противници на Тито но и поранешни комунисти.

Ако идејата на Тито беше реализирана, тогаш денес таа Балканската федерација ќе имаше површина од 395 илјади квадратни километри (за споредба, Германија има површина од 357.021 квадратни километри) и бруто домашен производ од 295 милијарди долари, односно 9.500 долари по глава на жител,
а Белград ќе беше главен град.

Според планот на Тито, се предвидуваше јужната српска провинција Косово и Метохија да стане дел од Албанија, а Албанија да биде дел од таа балканска титова федерација. Од друга страна, беше планирано да се припојат делови на Австрија кон Словенија.

Како и да е, големото прашање до какви потреси би довело тоа спроведувањето на идејата на Тито за Балканската федерација. Дали тоа ќе предизвикаше лоши односи на Тито со другите големи сили? Дали распадот на 90-тите години ќе беше покрвав? Но главното прашање е колку долго би траела таква држава и на која територија таа би се простирала?