Една студија објавена во списанието Science покажа дека имунитетот на човечкото тело да коронавирус обично трае најмалку осум месеци по инфекцијата, а потенцијално би можело да трае значително подолго, пишува Вашингтон пост . Студијата открива дека околу 90 проценти од пациентите кои учествувале во студијата поседувале долготраен и стабилен имунитет.

И покрај тоа што повеќе од една година го проучуваат научници ширум светот, коронавирусот сè уште е обвиткан во превез на тајност и несигурност. Едно од најважните прашања што сè уште не добило дефинитивен одговор е – дали луѓето можат да се заразат со коронавирус повторно и колку брзо откако еднаш ќе прележат. Имаше спорадични луѓе кои рекоа дека се заразиле со коронавирус по втор пат, но сите индикации се дека тоа се многу реткии занемарливи случаи.

Една нова студија во Science покажува дека луѓето развиваат подолготрајна отпорност на вирусот во повеќето случаи по инфекцијата.

Анализата на примероци од крв од скоро 200 пациенти покажа дека повеќе елементи на имунолошкиот систем, не само антителата, продолжуваат ефикасно да го препознаваат вирусот и да реагираат на инфекцијата. Човечкото тело се чини дека се сеќава на напаѓачот и е во состојба да реагира на секоја средба со напаѓачот во координирано дејство на антителата и Т-клетките.

Објавувањето во Science доаѓа по најавата за новата заразна варијанта на коронавирусот што првпат беше забележана во Велика Британија, а која започна да се шири низ целиот свет. Научната заедница, сепак, верува дека оваа нова варијанта нема да победи во судир со човечкиот имунолошки систем. Вработените во Центрите за контрола и превенција на болести во САД ја разгледуваат нова варијанта и работат на секвенционирање на неговиот геном за да им овозможат на научниците темелно да го проучат.

Авторите на студијата објавена во Science сметаат дека резултатите од нивното истражување можат да се применат на британската варијанта, но и на пораспространетата. Причината за оптимизмот лежи во фактот дека имунолошкиот систем напаѓа различни делови на вирусот, а мутациите успеале да променат само неколку делови.

Научниците се согласуваат дека вирусот може да го надмине имунитетот природен или потпомогнат од вакцина само доколку доживее голем број истовремени мутации. “Имунолошкиот систем има на располагање голем број оружја. Ако се појави мутација што ќе неутрализира едно или две, секогаш има други што можат да го неутрализираат”, изјави коавторот на студијата и научник од Институтот за имунологија во Ла Јола, Даниела Вајскопф .

Имунитетот кон вирусот се гради постепено, достигнува врв, а потоа почнува да опаѓа, но може да остане на одредено ниво подолго време. Вајскопф вели дека луѓето кои се заразиле со коронавирус и го совладале ковид-19, исто така, имале стабилен имунитет на вирусот осум месеци по закрепнувањето. “Имунитетот не се намали понатаму. Врз основа на тоа, можно е имунитетот да трае уште многу месеци, па дури и години”, додаде таа.

Како и да е, податоците од студијата инспирираат надеж и сведочат дека човечкиот имунолошки систем е на висина на задачата. “Не можам да ви кажам како ќе изгледа ситуацијата за две години, бидејќи вирусот не постои веќе две години. Како што стојат работите сега, не би бил изненадеа ако имунитетот трае со години, заклучи таа.