Американскиот претседател Доналд Трамп, минатата недела, конечно го коментираше десничарското движење засновано на сè попопуларната теорија на заговор наречена QAnon.

Трамп најпрво се огради дека “не знае многу за движењето“, но потоа истакна дека ги цени бидејќи се негови поддржувачи. Потоа ги пофали, нагласувајќи дека се тие патриоти „кои не сакаат да го гледаат тоа што се случува на улиците во Портланд, Чикаго, Њујорк и други градови и сојузни држави“, во кои се на власт се демократите, а каде од јуни се случуваат немири и насилни судири меѓу антирасистичките демонстранти и полицијата.

Суштината на теоријата е верувањето дека вие тајно го спасувате светот од тој сатански култ на педофили и канибали. Дали тоа звучи како нешто што вие го поддржувате, го прашаа новинарите Доналд Трамп?

Тоа не сум го слушнал, но дали тоа според вас треба да биде добра или лоша работа, одговори Трамп на така поставеното новинарско прашање. Ако можам да помогнам да го спасам светот од неволја, јас сум подготвен да да учествувам во тоа, рече тој. Ние, всушност, го спасуваме светот од радикална лева филозофија што ќе ја уништи оваа земја, рече Трамп на темата дали верува во QAnon.

Но, што точно е QAnon? Во што точно верува и како настана?

Теоријата на заговор за таен педофилско-канибален ланец се појави во 2017 година на форумот 4chan.

Феноменот наречен QAnon се појави една година откако Доналд Трамп дојде на власт и се до неодамна постоеше во таканаречените темни маргини на Интернет (првенствено на форумот 4chan), но тие теми беа актуелни и на политичките митинзи на Трамп во текот на неговата функција. Но во последните неколку месеци, QAnon стана мејнстрим, пишува Њујорк Тајмс.

QAnon во суштина не се разликува од теориите на заговор за масоните, илуминатите, Евреите, Џорџ Сорос или Бил Гејтс. И тие веруваат дека во светот владее тајна елита која планира да не уништи сите нас, само што во овој случај деталите се многу пофантастични.

Според QAnon, во светот владее кабала составена од сатанистички педофили и канибали кои се борат против Трамп уште од времето кога тој беше само претседателски кандидат. А во исто време тие водат меѓународен ланец на трговија со деца како сексуални робови. И така владеат со светот.

Според оваа теорија, децата се сексуално малтретирани, мачени и убивани со цел окултните предатори да консумираат супстанца позната како адренохром, која всушност е оксидиран адреналин, директно изваден од детски жлезди. Оваа супстанца им служи како лек или како еликсир на младоста, во зависност од толкувањето.

Членови на Кабала се Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама, Џорџ Сорос, членови на таканаречената „длабока држава“, поранешниот шеф на ФБИ Џејмс Комеј, големите звезди на шоу-бизнисот како Опра Винфри, Том Хенкс, верски водачи како папата Фрањо и Далај Лама и други.

Според оваа теорија, Трамп всушност бил регрутиран од најмоќните американски генерали за да се кандидира за претседател и да и помогне на Белата куќа да го победи овој заговор над сите заговори што ги ги контролира политиката, медиумите и индустријата за забава.

И сето тоа започна во октомври 2017 година, кога непознат коментатор на форумот 4chan (каде што сите коментатори се анонимни) се претстави како високо рангиран службеник во американската разузнавачка служба со пристап до повеќето доверливи информации. Соодветно на тоа, тој се потпиша како „Q патриот за чистење“. Q е највисоко ниво на пристап до доверливи и чувствителни информации или државни тајни, обично поврзани со нуклеарно оружје.

Во објавата со наслов „Затишје пред бурата“, мистериозниот коментатор ја опиша тајната војна што ја водат Трамп и неговите сојузници со „длабоката држава“ или одметнати владини и разузнавачки службеници кои сакаат да ја соборат демократската власт и педофилите-сатанисти кои ги брани „длабоката држава“.

Лицето кое стана познато како Q меѓу теоретичарите на заговор предвидуваше дека сето тоа ќе кулминира со “Бура“ или „Големо будење“, односно со наредбата на Трамп педофилите-сатанисти и нивните сојузници да се разоткријат, уапсат и да се однесат во Гвантанамо каде ќе се осудат на смрт по кратка постапка. Така Трамп ќе го исполни предизборното ветување дека „ќе ја направи Америка повторно голема“.

Големото будење е, очигледно, алузија на криптичната изјава дадена од Трамп пред новинарите за време на заедничката фотосесија со воените команданти и нивните сопруги.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *