Американските центри за контрола на болести (ЦДЦ) издадоа упатства според кои целосно вакцинираните лица не мора да носат маски на отворено.

Освен на отворено, маските нема да бидат потребни во повеќето затворени простории.

ЦДЦ исто така рече дека целосно вакцинираните лица нема да мора физички да се дистанцираат на повеќето места, а агенцијата се надева дека упатствата ќе охрабрат повеќе Американци да се вакцинираат, пренесува Ројтерс.

Големи вести од ЦДЦ: Ако сте целосно вакцинирани, не мора да носите маска, во затворени простории или на отворено, во повеќето средини, твитна Белата куќа со слика на која пишува: Целосно вакцинираните луѓе можат да престанат да носат маски.

Ревидираните упатства на ЦДЦ продолжуваат да препорачуваат вакцинираните лица да носат маски во авиони, возови, транзитни центри и во затворени простории со многу луѓе, како што се болниците.