Познатиот пулмолог, Бранимир Несторовиќ сподели текст со анализа за вакцината на фајзер и бионтек на социјалната мрежа Фејсбук.

Вакцината на Фајзер мора да се транспортира замрзната, се даваат две дози во интервал од три недели, напиша д-р Несторовиќ, накратко сумирајќи ја објавата што ја сподели.

Во текстот споделен од д-р Несторовиќ се вели дека се потребни ниски температури за складирање на вакцините на Фајзер и Модерна, што ја прави дистрибуцијата во земјите во развој практично невозможна без сериозни инвестиции во инфраструктурата.

Инаку, испораката на вакцини против коронавирусот ширум светот ќе биде најголемиот транспортен предизвик во историјата, тврдат претставниците на авионската индустрија.

Според познавачите на тој бизнис, за да бидат доставени вакцините во сите земји, ќе бидат потребни 8.000 авиони од типот Боинг 747, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).

Иако вакцината сè уште не е официјално произведена, ИАТА веќе прави план за транспорт заедно со авиокомпаниите, аеродромите и националните здравствени организации.

Авионите првенствено мора да бидат во согласност со стандардите како што е можноста за одржување на температура помеѓу 2 и 8 степени, а за некои вакцини се потребни температури под нулата.