Аргентина се обидува да ја реши мистеријата за појава на коронавирусна инфекција кај 57 морнари по 35 дена поминати на море. Вирусот се појави и покрај фактот дека сите беа тестирани и беа негативни на тестот пред започнување на пловидбата.

Рибарскиот брод „Ечизен Мару“ се врати во пристаништето откако дел од морнарите развија симптоми кои одговараат на ковид, објави во понеделникот Министерството за здравство на Аргентина.

Од 61 члена на екипажот, 57 се позитивни за вирусот корона. Сите беа тестирани 14 дена пред пловењето, беа негативни и беа во карантин сè додека не се качат на бродот.

Само двајца морнари се негативни на вирусот, а резултатите ги чекаат уште двајца членови на екипажот, додека двајца се хоспитализирани.

Тешко е да се утврди како биле заразени затоа што веќе 35 дена не биле во контакт со никој – вели епидемиологот Алехандра Алфаро.

Тимот сега се обидува да ја утврди хронологијата на симптомите со цел да ја утврди хронологијата на инфекцијата.

Директорот на одделот за инфективни болести во болницата во Ушуаија, Леандро Балаторе, вели дека инкубацијата од 35 дена сè уште не е опишана.

Бројот на луѓе кои страдаат од ковид 19 во Аргентина надмина 100.000, а повеќе од 1.900 луѓе починаа. Повеќето од заразените се во областа Буенос Аирес.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *