Во Киев дошло до конфликт помеѓу припадниците на полицијата и претприемачите кои протестираат против ограничувањата на деловните активности воведени поради пандемијата на коронарниот вирус, пренесува украинската телевизија.

Претприемачите се собраа пред Врховната рада на Украина за да изразат незадоволство од ограничувањата на деловните активности, заради пандемијата на вирусот корона. Демонстрантите маршираа од парламентот до претседателската канцеларија, по што се собраа на Плоштадот на независноста.

Претприемачите се обидоа да постават голем шатор, сепак полицијата ги спречи во тоа и им го одзеде шаторот. Имаше помал судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што беше употребен солзавец. Демонстрантите фрлија неколку димни бомби кон полицијата.