Сопственикот и претседател на Наполи, 71-годишниот Аурелио де Лаурентис е заразен со коронавирус, објави неговиот клуб во четвртокот.

Де Лаурентис во средата учествуваше на собранието на клубовите од Серија А, заедно со претставниците на другите прволигаши.

Откако Де Лаурентис го презеде Наполи во 2004 година, клубот се врати во самиот врв на италијанскиот фудбал, четири пати заземајќи го второто место и трипати третото место.

Ова лето, првиот човек на клубот од градот под Везув има многу работа, бидејќи фудбалерите на Наполи се „многу барани“ на фудбалскиот пазар. Последен кој го напушти клубот е Бразилецот Алан, нов член на Евертон, а Верди, Инглезе, Рог, Кирикес, Граси имаа трансфери во други клубови во Италија.

Во Наполи дојде Виктор Осимхен дојде од Лил за рекордни 70 милиони евра.

Нашиот Елиф Елмас остана во Наполи и тренерот Гатузо многу очекува од него во новата сезона.