Ќе има зголемување на анксиозноста кај децата поради корона вирусот, но тоа е нормално велат експертите. Корона вирусот прекина некои работи што се од суштинско значење за социјалниот и емотивниот развој на децата. Експертите посочуваат дека враќањето во нормална рутина ќе биде тешко, дури и откако ќе се отворат училиштата.

Експертите предупредуваат на последиците од изолацијата и затворените училишта врз менталното здравје на децата и младите, особено заради чувството на изолација и одвојување од врсниците.

Според УНИЦЕФ, децата испитани во раните фази на пандемијата биле загрижени за изолацијата од семејството и пријателите, но и дека ќе го добијат вирусот и ќе умрат од него.

Можеби беше забавно во првата недела, затоа што немаше училиште. Но, многу брзо децата станаа вознемирени, изјави за ББС, Урсула Грас, директорот на училиштето Валдаусшуле во југозападна Германија. Тие мораа да се справат со проблемите на изолацијата дома, додаде таа.

УНИЦЕФ објави дека 1,6 милијарди деца во 145 земји во светот биле погодени од затворањето на училиштата. И со тоа не беше спречено само нивното учење.

Наставниците не не учат само математика, јазици и така натаму. Тие исто така ги учат децата како да бидат социјални суштества, како да развиваат емпатија кон другите, како да си играат едни со други, вели Грас.

Во добро развиена земја како што е Германија, наставниците можат да постават задачи на интернет и да одржуваат контакт со учениците преку телефон и е-пошта.

Но, недостасува “личниот печат” на наставниците, а тоа е најголемиот проблем за многу деца, додава Грас.

Училиштата обезбедуваат рутина, безбедно место за младите да разговараат со возрасните на кои им веруваат и место каде што можат да бидат лице-в-лице со пријателите, коментира Том Медерс, директор на кампањата Млади умови.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *