Кина штотуку одлучи да го запре увозот на замрзнато месо и замрзнати производи од месо, како и риба.

По итен состанок на надлежните служби, донесена е оваа одлука, а тоа е поради новите случаи кои се позитивни за „Ковид-19“. Минатата недела беше затворен најголемиот пазар во главниот град на Кина, каде се продава месо, риба и зеленчук.

Неколку десетици луѓе во меѓувреме се заразија од корона, а властите во Пекинг одлучија да ја отстранат сите спорни намирници од полиците на супермаркетите, како и од платформите за испорака на храна.

Ву Зуниоу, главен епидемиолог на кинескиот центар за спречување и контрола на болести, рече дека вирусот може да преживее на површината на замрзната храна до три месеци.

Како што е наведено во новата одлука, кинеските цариници целосно ќе ги контролираат сите пакувања и, следствено, тоа значи дека договорените контингенти за увоз / извоз на месо сега се ставени вон сила.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *