Неодамнешните истражувања покажуваат дека за време на карантинскиот период поради пандемијата со корона вирусот, децата и тинејџерите, на возраст меѓу 10 и 17 години, поминале значително повеќе време играјќи видео игри на нивните таблети, гејминг конзолите, паметни телефони или компјутери во споредба со таквите активности пред појавата на пандемијата.

Додека просечното време, кое децата го поминуваа играјќи видео игри, во текот на еден ден во септември 2019 година, изнесуваше 79 минути, тој број се искачи на 139 минути во април годинава, само четири недели откако училиштата се затворија и во Германија и се воведоа ограничувања на движење. Тоа го покажаа истражувањата спроведени заеднички од универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф и осигурителната компанија ДАК-Гесундхит.

Студијата укажува на тоа дека итно ни треба сигурен и сеопфатен механизам што превентивно ќе го привлече вниманието на јавноста кон зависноста од социјалните мрежи и видео игрите, смета директорот на осигурителната компанија ДАК-Гесундеит, Андреас Сторм.

Тој смета дека треба да се спроведе истражување што ќе го „идентификува“ бројот на деца погодени од овој проблем и ќе им понуди соодветна помош. Сторм додава дека во студијата, покрај децата, биле вклучени и родители од околу 1.200 германски семејства.

Државниот повереник за лекови Даниела Лудвиг предупредува дека резултатите од студијата укажуваат на „нагло зголемување“ на зависноста од видео игри и социјални медиуми, кои не треба да продолжат поради општата здравствена состојба во општеството.

Многу е веројатно дека ситуацијата со зависност од видео игрите во времето на короната, освен во Германија, е слична и во другите земји во Европа и во светот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *