Кил ќе биде ослабен за претстојниот фајналфор турнир од Лигата на Шампионите откако беше обелоденето дека Магнус Ландин нема да може да настапи за „зебрите“ во битките за европскиот трон. Причина е коронавирусот, 25-годишниот крилен ракометар уште пред десетина дена беше позитивен, а вчера конечно излезе од самоизолација.

Данецот има и негативен тест на Covid-19, но по консултациите со лекарите е решено тој да не настапи на Ф4 турнирот во „Ланксес Арена“ во Келн.

„Моја желба беше да оздравам за да можам да настапам на фајналфор турнирот, но за жал нема да ми се исполни“, изјави Ландин за данските медиуми.

Кил во полуфиналето од ЛШ утревечер ќе се сретне со унгарскиот гигант Веспрем.

извор : https://ekipa.mk/