Поради коронавирусот, во САД повеќе од 40 милиони луѓе ја изгубиле работата. 

Минатата недела се поднесени уште 2,1 милиони нови барања за добивање помош поради невработеност. 

Сега вкупниот број на луѓе кои од средината на март останале без работа поради се искачи на повеќе од 40 милиони, објави „Њујорк тајмс“.

Oсма седмица по ред се намалува бројот на нови пријави за финансиска помош по рекордот од 6,9 милиони во март за една недела, но нивното ниво и понатаму далеку го надминува историскиот максимум, наведува „Њујорк тајмс“.

Сепак, се смета дека има и дел стари барања кои дури сега се проследуваат. 

Пандемијата ќе го намали и растот во еврозоната за 8 до 12 отсто. 


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *