Ковид – 19 се врати во Црна Гора.

Во земјата вчера се евидентирани 15 нови случаи на коронавирус, објави Институтот за јавно здравје со што сега вкупната бројка на заразени изнесува 115.

Влада донесе повеќе мерки вклучувајки ја и забраната на литии. Верските собири се забранети на отворени јавни места, освен во области што припаѓаат на верски објекти. Забранети се политички собири на отворено, како и присуство на публика на спортски настани. Погребите можат да се извршат само во непосредниот круг на семејството,а настаните на затворени јавни места веќе се пропишани со претходна наредба.

Во целиот регион расте бројот на позитивни од Ковид – 19.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *