Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да биде вакциниран против вирусот корона.

  • Јас сум еден од тие скептици … Јас веќе му реков на министерот за здравство, тој го одобри, тој е наш шеф, дека нема да бидам вакциниран – рече Лукашенко за време на разговорот со вработените во Градската клиника за детски инфективни болести во Минск, објави телевизијата ОНТ.

Тој додаде дека околу 1,2 милиони луѓе се планира да се вакцинираат низ Белорусија во текот на пролетта.

Да потсетиме, Лукашенко во јули објави дека, според заклучоците на лекарите, тој асимптоматски „се држел сам на нозе“ со вирусот корона. Тој во декември рече дека се надева дека нема да биде заразен со вирусот корона по втор пат.