Нашата најдобра кошаркарска репрезентација кратко ќе се задржи во Скопје. Останатите тренинзи пред квалификациските мечеви со Естонија и Италија, предвоникот Алксандар Тодоров и неговите момци ќе ги одработат во Талин.

Експедицијата од Скопје ќе тргне на 23 ноември. Нашите момци со автбус ќе одат до Софија од каде ќе се упатат за Франкфурт, па со нов лет ќе стигнат до Естонија.

Во Талин доколку се биде во ред, ќе се приклучат Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуроски, Џејкоб Вајли и двајцата членови на стручниот штаб.

Првите ПЦР тестови нашите кошаркари, оние кои веќе во Македонија ќе ги направат утре, додека останатите кога ќе се вратат од Златибор.