Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави дека во Вашингтон е потпишан историски економски договор со Србија и ја истакна неговата важност затоа што тоа значи чекор поблизу до конечен договор и заемно признавање.

Како друг елемент од договорот со Србија, Хоти го наведе меѓусебното признавање на Косово и Израел.

Само што разговарав со господинот Нетанјаху, во присуство на претседателот Трамп. Му се заблагодарив за подготвеноста да го признае Косово и се согласивме веднаш да воспоставиме дипломатски односи – рече премиерот на Косово.

Ова е секако одличен момент за Косово и регионот. Мислам дека направивме голем чекор напред кон целосно нормализирање на односите, што на крајот треба да доведе до меѓусебно признавање. Ние целосно веруваме во вашата администрација – му рече на Хоти Трамп.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го потврди признавањето на Косово од Израел, пренесуваат израелските медиуми.

Косово и Израел ќе воспостават дипломатски односи, откако Србија се обврза да ја премести својата амбасада во Ерусалим наместо во Тел Авив.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Србија се обврзала да ја премести својата амбасада во Ерусалим и дека Косово и Израел се согласиле за нормализирање на односите и воспоставување дипломатски односи.

Израелскиот премиер Нетанјаху, како што се наведува, му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за одлуката за признавање на израелската престолнина Ерусалим.

Нетанјаху во изјавата додаде дека Израел и Косово ќе воспостават дипломатски односи.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *