Вршителот на должноста косовски претседател Вјос Османи започна консултации со политичките партии, а најпрво во 13 часот се состана со Албин Курти, претседател на Движењето Самоопределување. Соединетите држави ги повикуваат сите партии и институции во Косово да ги почитуваат одлуките на Уставниот суд.

Во 14 часот, Вјоса Османи ќе оствари средба со претставниците на Демократскиот сојуз на Косово, а во 15 часот со Демократската партија на Косово.

Приштина очекува предвремени избори да бидат закажани за јануари 2021 година.

Соединетите држави ги повикуваат сите партии и институции во Косово да ги почитуваат одлуките на Уставниот суд и да обезбедат граѓаните на Косово да можат да ги избираат своите претставници преку слободни, фер, мирни избори.