Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 12 починати и 728 новозаболени од Ковид-19, што претставува нов дневен рекорд на жртви и заразени од епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 732 од 22.934-те лица кај кои е откриен вирусот.

Вчера е забележана и рекордна бројка од 1.827 извршени тестирање со методот РТ-ПЦР, со што бројот на лица кои биле тестирани поради сомневање дека се заразени достигна до 103.839.

Како излекувани последните 24 часа се евидентирани 60 пациенти, а од почетокот на епидемијата болеста досега ја совладале 15.981 лице.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 6.220 активни заболени.