На Косово поплавите уништија уште еден мост, а во повеќе општини населението беше евакуирано поради опасност од пополава .

Водата го однесе мостот во селото Доброшец во општина Дреновица, пренесува приштинска „Коха“.

Во општина Гњилане беа евакуирани 15 жители, од селата Гњилане, Малишева, Угjаре, Бресаjце – Јабукче и Силово, каде што е српската заедница, а надлежните служби добија 87 повици за помош.

Локалните власти соопштија дека е нанесена голема штета на јавниот и приватниот имот во тие делови.

На неколку места во Грачаница и Лапjeе Село, од канализацијата извира вода. Под вода е и дворот на училиштето „Миладин Митиќ“ во Лапjeе Село. Поројот го зафати и делот каде се наоѓаат станбените згради во ова село.

Ситуацијата е тешка и во косовско поле , а претседателот на таа општина, Али Топали, рече дека се формирани тимови за проценка на штети.