Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Вашингтон, рече дека се направени големи чекори кон постигнување договор, пренесува Коха.

Тој не даде многу детали за договорот, но додаде дека денес се очекува потпишување на договореното од вчера.

Можам да кажам нешто. Од Белата куќа никогаш не дошле и нема да дојдат неприфатливи договори за Косово. Направивме голем напредок во економската соработка и сме на чекор до заклучување на ова прашање. Затоа што сè што зборуваме и преговараме со Србија е за признавање на Косово. Денес направивме голем чекор кон приближување. Прашањето за границите не е поставено и никогаш нема да биде поставено, рече Хоти.

Ние сме и делуваме во рамките на нашите принципи како влада, продолжи Хоти и утре ќе можете да го видите договорот.

Така е договорено. Направивме голем чекор кон склучување на конечен договор со Србија, заклучи Хоти.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *