Митрополитот дабробосански Хризостом, кој ја презеде функцијата поглавар на Српската православна црква (СПЦ) по смртта на патријархот Иринеј, беше позитивен на коронавирус и беше пренесен во болница во Белград, објави СПЦ во петокот.

До изборот на новиот патријарх, Хризостом го наследи Иринеј, кој почина на 20 ноември од последиците на ковид-19.

Во соопштението на Српската православна црква не се наведени детали за здравјето на Хризостом, кој во текот на вчерашниот ден служеше литургија во Печката патријаршија на Косово, престолот на српските патријарси.

Неговото високопреосвештенство митрополит Дабробосански г. Хризостом, чуварот на патријаршискиот престол, беше примен во Клиничкиот болнички центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Белград на 4 декември 2020 година, во вечерните часови, поради позитивниот резултат од тестирањето за вирусот КОВИД-19, објави Српската православна црква.

На крајот на минатиот месец, Митрополитот Хризостом ја водеше церемонијата за покојниот Иринеј во Белград. Претходно, патријархот Иринеј ја водеше литургијата на погребот на Црногорскиот и приморскиот митрополит Амфилохије, кој исто така почина како резултат на инфекцијата со ковид-19.

Во структурите на СПЦ сега се во тек сериозни ферментирања бидејќи со починатите Амфилохије и Иринеј завршува една фаза на СПЦ. Амфилихије важеше за теолошки супериорен, додека Иринеј имаше огромна дарба за политичко преживување и делување и поседуваше политичка моќ која ја почитуваше и самиот Александар Вучиќ.. Тие преставуваа две половинки на СПЦ кои обезбедуваа баланс во врвот на СПЦ. Иринеј имаше одлични релации со Москва, а Амфилохије со согласност на британските служби ја спроведе смената на власта во Црна Гора.

Сега СПЦ која е десеткувана со ковид-19 ќе мора да избира кој пат ќе го следи. Новиот поглавар ќе биде на тешки искушенија бидејќи по враќањето на Црна Гора во српската орбита ќе треба да се чекаат потезите на СПЦ околу Косово, Македонија и односите Москва и Цариград.