ХАНОВЕР – Новиот сој на ковид-19 е присутен во Германија од ноември, откриле лекарите, кои потоа собрале податоци од примероци на постара пациентка која починала, објави Ројтерс повикувајќи се на денешното издание на „Дие Велт“.

Специјалисти на Медицинскиот факултет во Хановер (МХХ) го открија видот Б1.1.7 кај примероците на пациент кој имал здравствени проблеми пред короната, се додава во текстот во кој е цитиран министерот за здравство на Долна Саксонија, објави Ројтерс.

Берлинската болница го потврди ова откритие, се додава во извештајот.

Новиот вид на коронавирус, кој брзо се шири во Велика Британија, значително побрзо се шири од претходните соеви, но прелиминарните анализи покажуваат дека симптомите на Б1.1.7 не се поопасни.

Во германската провинција Баден-Виртемберг тие потврдија дека локалните власти откриле нов вид на корона вирус кај лице кое на 20 декември дошло со авион од Велика Британија во Франкфурт.