Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примиле вакцината против коронавирусот, соопшти денеска Бакингамската палата.

Кралската куќа, која ретко изнесува во јавност детали за здравјето на кралскиот пар, навела дека кралицата одлучила да се објави таа информација за да се спречат евентуални шпекулации и неточни информации, пренесува „BBC“.

Извор близок на кралското семејство потврдил за агенцијата „АП“ дека кралицата и принцот ја примиле вакцината од семејниот доктор во замокот во Виндзор.